Димитров: Колку повеќе се приближуваме кон решението, толку повеќе потешкотии има

 

Седумчасовната средба на Никос Коѕијас и Никола Димитров, со Метју Нимиц, конечно заврши а Министрите и Медијаторот даваа изјави.

- Разговаравме за сите отворени прашања и можам да кажам дека има условен напредок, бидејќи како одиме напред, доаѓаме до тешки прашања. Работевме по логиката што е најважно за двете земји и дали може да ги покриеме и две страни, но не зачудува фактот  дека колку се приближуваме кон решението, има се повеќе потешкотии- рече Димитров на пресот после средбата во Виена.

Според него состанокот бил продуктивен. Истото го изјави и Нимиц.

-И двајцата министри се фокусираат на дологорочните односи, на стабилноста во регионот, на важноста од добри односи помеѓу двете земји и имам надеж дека ќе продолжиме да работиме со овој позитивен пристап, додаде Ниумиц по средбата.

 

 

 

 

30.03.2018 - 16:31

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега