Коѕијас: Очекувам да има важни одлуки кон постигнување на решение

 

Очекувам да има важни одлуки кон постигнување решение, кратко кпрокоментира шефот на грчката дипломатија Никос Коѕијас, пред почетокот на денешната нов рунда разговори за името со  посредство на медијаторот Метју Нимиц, објави Телма.

Во краток коментар, оптимизам дека очекува „добра среда“ искажа и медијаторот Нимиц, но не сакаше да коментира за други детали.

Синоќа, шефовите на македонската и грчката дипломатија, Димитров и Коѕијас имаа и работна вечера, од која не се соопштуваат детали.

Средбата е веќе започната, а според досегашните информации, Нимиц ќе биде тој што прв ќе се обрати и ќе ја претстави правната форма, врз база на која ќе се достави можниот иден договор на двете страни во ОН, со празни места ЗА спорните прашања, како што е името. Потоа ќе следи претставување на ставовите на двајцата министри за надворешни работи и преговори за позициите, пишува грчката новинска агенција и додава дека преговорите во Виена се очекува да траат долго, ако се суди според минатиот состанок што траеше седум часа.

 

 

 

30.03.2018 - 10:19

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега