Пролонигирано рочиштето за случајот „Траекторија“

Почетокот на денешното рочиште за предметот „Траекторија“ што беше закажан за 10:30 часот, е одложен за 11:45 часот поради обврски на адвокатот Димитар Дангов.

Судијата Горан Бошевски кажа дека Дангов како бранител на пратеникот Љупчо Димовски треба да оди на рочиште во Врховен суд каде денеска ќе се разгледуваат жалбите за притворите на обвинети за насилствата во Собранието на 27 април лани.  

Во предметот „Траекторија“ на СЈО обвинети се поранешниот премиер Никола Груевски, поранешниот вицепремиер Владимир Пешевски, екс-министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески и поранешниот директор на Агенцијата за државни патишта, Љупчо Георгиевски.

Сите обвинети дојдоа на денешното рочиште на кое треба да бидат разгледани материјалните докази.

Претседателот на судечкиот совет Горан Бошевски на почетокот на минатото рочиште го одби како неоснован предлогот на одбраната СМС-пораките да бидат отфрлени како докази во постапката, бидејќи тие не можат да се ценат во оваа фаза, како и барањето аудиоснимките и вештачењата да не се користат во постапката како материјални докази поради неможноста да се потврди нивната автентичност.

 

 

 

20.03.2018 - 10:58

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега