Груби: Задоволен сум што никој не беше против или воздржан за законот

Артан Груби го поздрави вчерашното донесување на Законот за употреба на јазиците.

Груби, изразува особено задоволство што Законот за употреба на јазиците се донесе со 64 гласови „за“, без ниту еден глас „против“ и ниту еден глас „воздржан“ и потенцира дека она што до вчера било слабост, меѓуетничките односи, денес е најголем адут за Република Македонија.

- „Сега е време да се посветиме целосно на преостанатите реформски закони како и на решавање на спорот со нашиот јужен сосед за да ја интегрираме нашата држава целосно во НАТО и ЕУ“, се наведува во соопштението.

 

 

 

15.03.2018 - 10:24

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега