Јачева-Улчар: Ви благодарам на сите што придонесовте да си ја изгубиме домата

Професорката Елка Јачева-Улчар, една од потписниците на писмото на Институтот за македонски јазик „Крсте Петков Мисирков“ за Законот за јазиците со фејсбук коментар за донесувањето на законот.

„Сега ми е сосема сеедно каде ќе ме пречека смртта. И каде ќе живеат моите поколенија… и на кој јазик ќе зборуваат… Секоја друга ќе ми биде туѓа исто колку оваа што до пред 30 минути ја сметав за своја. Ви благодарам на сите што придонесовте кон тоа да си ја изгубиме домата (јас и уште огромно мнозинство, кои, замислете – живееле во 19 век). Одговорете ми, само, ве молам, дали современите Французи, исто така, се заглавени во 19 век, затоа што и покрај 20-милионското малцинство во Француската Република официјален јазик е само и само – францускиот? Повелете, бидете си Земјани, бидете модерни, а јас, еве, брзам што подалеку од вас – да не ви го трујам воздухот со мојот национализам за кој, ете велите дека бил од 19 век! Се надевам дека сега сте посреќни и ќе живеете во благосостојба! Нека ви е на здравје!“

 

 

 

14.03.2018 - 22:38

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега