Обама: САД мораат да употребат воена сила во Сирија
САД мораат да употребат воена сила во Сирија и на можат да замижат пред „стравичните слики на нападот со хемиско оружје“, порача денеска американскиот претседател Барак Обама во редовното неделно радио и интернет обраќање до нацијата.
Обама апелираше до членовите на американскиот Конграс да ја поддржат воената интревенција во Сирија.
- Ги повикувам членовите на Конгресот од двете партии да се здружат и да застанат во одбрана на светот во кој сакаме да живееме, светот кој сакаме да им го оставиме на нашите деца и на иднте генерации, потенцира Обама.
Тој нагласи дека на сака да ги вовлече САД во уште една скапа и долга војна, додавајќи дека евенталната интервенција во Сирија нема да биде уште еден Ирак или Авганистан.
- Секој чекор што ќе го преземат САД во рамките на воената интервенција во Сирија ќе биде ограничен како временски, така и во неговиот обем, со цел да се спречи сириската Влада повторно да употреби отровен гас против сопствениот народ и да се намали незјината способност за нешто такво во иднина, додаде Обама.
Изнесувајќи аргументи во полза на воена акција во Сирија, Обама најавуви дека подетално ќе ги образложи причините за потребата од интервенција во свото обраќање до нацијата во вторник.
- (Нападот со хемиско оружје) не е само директен напад врз човековото достоинство, туку и сериозна закана за нашата национална безбедност, потенцира американскиот претседател во обраќањето.
Белата куќа до Конгресот достави Предлог-резолуција со која се бара дозвола за воена интервенција на САД во Сирија. Конгресот е на одмор до понеделник, кога се одржува неговото прво заседание.
Ззасега не е сигурно дека Кингресот ќе го поддржи барањето на Обама за воена интервенција во Сирија, а во прилог на тоа одат и резултатите од анкета на агенцијата Ипсос, според кои, речиси две третини од Американците се против напад врз оваа блискоисточна земја, а само 19 отсто од испитаниците поддржуваат таква акција.