Твининг проект за соработка меѓу Владата и граѓанскиот сектор

 

 

Во ЕУ инфо центарот денеска ќе биде одбележан почетокот на твининг проектот „Понатамошно институционализирање на структурирани механизми за соработка помеѓу Владата и граѓанскиот сектор”, финансиран од ЕУ во ведност од 250 илјади евра.

Главна цел на проектот е подобрување на средината за функционирање на граѓанското општество, и тоа преку создавање целосно функционален Совет за соработка помеѓу Владата и граѓанското општество, како и усвоен нов Акциски план (за периодот 2018-2020) за спроведување на Стратегијата за соработка на Владата со граѓанското општество.

Земја партнер е Хрватска, а главен корисник на проектот е Генералниот секретаријат на Владата на Македонија

 

 

 

13.03.2018 - 08:56

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега