Премиерот Груевски во посета на опожареното училиште во Могила
Денеска претседателот на македонската Влада, Никола Груевски, ќе присуствува на промоцијата на Хемиско-биохемиската лабораторија во Високата медицинска школа при Универзитет „Св.Климент Охридски“ во Битола.
Како што соопштува владината прес-служба, Груевски ќе го посети опожареното училиште во село Долно Српци, општина Могила, а воедно ќе има обраќање и пред жителите.
Претседателот на Владата попладне ќе ја посети и локацијата каде што се изведуваат градежните активности на автопатот Демир Капија-Смоквица (градилиштето на првиот тунел после Демир Каписките тунели), како и клучката во изградба кај Миравци.
07.09.2013 - 10:18