Дезир: Заканата и навредата кон Селмани е директен напад на слободата на изразување

Претставникот на ОБСЕ за слобода на медиуми, Харлем Дезир, реагираше на својот Твитер профил за заканата што му ја упати брат му на Бекир Асани, Бејлат, кон новинарот и претседателот на Здружението на новинарите на Македонија, Насер Селмани.

-Заканата и навредата што Насер Селмани, претседателот на ЗНМ ја доби поради својот пост на социјалните медиуми е неприфатлива. Овој директен напад на слободата на изразувањето мора да биде истражен и безбедноста на новинарите осигурана, истакна Дезир на Твитер.

 

 

 

 

08.03.2018 - 13:06
Фото: 
МИА

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега