Несогласувањата меѓу СДСМ и ДУИ ја одложија седницата за Законот за јазиците

Седницата на која требаше да се расправа на Законот за јазици, првично закажана за денес во 12 часот, па одложена за во 15 часот, и дефинитивно денеска нема да се одржи.

Практично не може да се најде решение за повеќе од 35 илјади амандмани кои ги поднесе ВМРО-ДПМНЕ за овој закон. Според неофицијалните инфорамции кои доаѓаат од партиски кругови, главна причина за одложувањето на седницата на неодредено време е несогласувањето внатре во владејчката коалиција меѓу СДСМ и ДУИ. Според истите извори, ставот на СДСМ е речи си идентичен како оној на ВМРО-ДПМНЕ. Најголемата македонска партија во власта и натаму останува со поддршка за Законот за јазиците, но како што вели нашиот извор, СДСМ нема намера да влегува во авантури кои ќе донесат прекршување на законите и собранискиот Деловник и бара да почне амандманската расправа, односно да се отворат амандманите на ВМРО-ДПМНЕ.
Од ДУИ пак бараат амандманите да се отфрлат без да бидат разгледување со оправдување дека даваат уставна оценка на законот, нешто што според ДУИ не е работа на Собранието.

По координацијата доцна попладнево, СДСМ и ДУИ не успеале да најдат заеднички став по што седницата е одложена на неодредено време.

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ во полн состав денеска беа во законодавниот дом и го чекаа епилогот од преговорите на релација СДСМ - ДУИ

Талат Џафери, минатата недела изјави дека евентуална амандманска расправа, би го блокирала Собранието.

 

 

 

 

 

 

06.03.2018 - 17:48

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега