Нема веќе мелено месо во месарниците во Македонија

На 2. септеври на сила стапи забраната за продажба на мелено месо со сомнителни состојки. Отсега сами ќе се одберете парче месо и месарот ќе мора тоа да ви го сомеле. Со ова ќе се стави крај на досегашната пракса, купувачите со рефус меленото месо да добиваар и соја, масно ткиво, делови од кожа и коски. Сега ќе можете да купите само чисто месо кое по потреба ќе се сомеле.

Од Агенцијата за храна велат дека цената на месото може благо да порасно, но, граѓаните точно ќе знаат што точно има во месото кое го купуваат. 

 

06.09.2013 - 10:14

најчитано сега