Предлогот на Атина за името се уште не е стигнат во Скопје

Нема официјална потврда кога Грција ќе го достави предлог договорот од седум точки, ниту пак кога шефот на грчката дипломатија, Никос Коѕојас ќе слета на скопскиот аердором, објави Сител.

Иако најавите беа дека тоа ќе се случи кон почетокот на март, засега нема потврда за датум. Македонија ги отстрани натписите на аеродромот и на автопатот, по одлуката да ги преименува како дел од првичниот договор меѓу двете влади.

Според дипломатски извори, кабинетите на Коѕијас и Димитров се во комуникација, со цел потврдување на агендата.

Шефот на грчката дипломатија вчера изјави дека двете страни имаат интерес за решение, но дека пристапот кон тоа решение засега е различен.

-Мислам дека двете страни се согласуваме дека е потребно да се најде решение. Скопје верува дека тоа мора да биде лесно решение за нив, ние веруваме дека мора да биде трајно и фер решение, изјави Никос Коѕијас.

Засега нема ниту датум кога може да се очекува и нова рунда разговори по посретдство на Нимиц.

Според дипломатски извори, за очекување е таа да се случи по посетата на Коѕијас на Скопје. 

 

 

 

27.02.2018 - 16:39

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега