Иванов ќе биде информиран за борбената готовност и задачите на АРМ

Претседателот Ѓорге Иванов денеска ќе биде информиран за борбената готовност на Армијата на Република Македонија од страна на началникот на Генералштабот на АРМ, генерал-потполковник Методија Величковски.

Брифингот за борбената готовност е редовна обврска на началникот на Генералштабот на АРМ кон претседателот на Република Македонија. Претседателот Иванов како врховен командант на вооружените сили ќе биде информиран за реализацијата на плановите и задачите на АРМ во 2017 година, согласно функционалните области на АРМ.

 

 

 

23.02.2018 - 11:07

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега