Ќе се проверува уставноста на нормираниот учинок во законот за минимална плата

Синдикатот ја доби првата битка.  Уставен суд  донесе одлука – ќе се проверува  уставноста на нормираниот учинок во законот за минимална плата.   За ССМ  ова е уште еден доказ дека присуството на терминот во законот е на штета на работниците- се кршат нивните права. Со учинокот тешко кој од вработените може да заработи минималец од 200 евра.  Тие се задоволни од одлука на судот и  се надеваат  дека на крајот терминот  ќе биде поништен, како што бил и првичниот договор на економско социлајниот совет- објави Сител.

- Со оваа одлука се доказува колку ние од синдикатто цело време бевме во право. Со терминот се ограничува рпавото работникот да добие плата до 12 илјади денари или 200 евра , се отвара простор за манипулација потади што не се исплаќа ваква плата а со тоа не се исполнува ниту законското решение за добивање на минималец од овој износ, рече  Пеце Ристевски- СИЕР

Од министерството за труд пак велат дека  уште со донесувањето на законот за минимална плата во 2012 година е предвидено,  минимална плата да се исплаќа за полно работно време и со исполнет нормиран учинок.

Ова законско решение од 2012 оставаше простор за арбитрарно толкување на ,,нормираниот учинок’. Со измените и дополнувањата на Законот за минимална плата, усвоени од оваа Влада, истиот член е дополнет со три нови става  со кои се овозможува појаснување и поголема транспарентност на постапката на утврдувањето на нормираниот учинок. Уставниот суд е надлежен да утврди дали оваа одредба е уставна или не, се вели во дописот на министертството за труд.

Уставен суд вчера одлучи да поведе постапка за испитување на нормиранит учинок во законот за минимална плата. Изрази сомнеж на овие законски одредби од аспект на владеење на правото.

Сидникатите неколку пати апелираше дека терминот отвара простор за малипулација и притисоци врз врабтените. Против нормираниот учинок с епроизнесе и хелсиншкиот комитет за човекови права.

 

 

 

 

22.02.2018 - 19:33

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега