Тешко болна затвореничка од затворот Идризово, државата нема решение за неа

Државата нема решение каде да ја испрати амнестираната затвореничка, која е тешко болна, без дом и роднини, институциите и болниците одбиваат да ја примат. Затворот решение гледа дури и во манастир откако затвореничка од затворот Идризово треба да биде пуштена на слобода, пренесува Телма.

Новинарката во истражување за Ноќно студио открива дека затвореничката 14 години е зависник од хероин, со дијагностицирано психолошко растројство во моментов се лекува од карцином.

Ваква е здравствената состојба на 40 годишната струмичанка Кате Т. која е три ипол години на одлежување на затворска казна во затворот во Идризово. Затвореничката е осудена поради тешка кражба, а казната за која е осудена изнесува четири години. Но, со законот за амнестија сега треба да излеза на слобода.

Сепак таа се уште е зад решетки, дезориентирана е со тешка дијагноза, а во нејзиното досие нема близок роднина кој би можел да се грижи за неа, државата не реагира, се бара помош од црквата.

Раководството на затворот и покрај извршното решение за пуштање на слобода сега се плаши да ја пушти надвор.

Садуш Арифи заменик директор на КПУ Идризово, за Ноќно студио вели:  болна е, вчера беше однесена во болница на прегледи, на згрижување и пак ја вративме назад во установата. Има еден куп дијагнози карцином, психички заболувања, има и ред други заболувања, дијагнози што ги има запишано во медицинскиот наод, но ние мора да се грижиме додека е кај нас.

Откако таа го добила решението затворот се обидел да обезбеди сместување преку центарот за социјални грижи од Струмица, но одговор не добиле. Државата нема решение што да прави со болната бидејќи засега никој не се заинтересирал.

Арифи исто така рече дека откако стапиле во контакт во понеделникот  со манастирот „Св. Јован Бигорски“  побарале да биде згрижена во овој манастир, но поради постите очекуваат одговор откако ќе завршат истите.

Тој додаде дека и во минатото одговорните лица во манастирот му излегувале во пресрет на затворот во Идризово за вакви ситуации.

Од Министерството за труд и социјална политика велат дека ова е тежок случај и дека веќе бараат решение во соработка со управата надлежна за затворите и Министерството за здравство ќе одлучи каде ќе биде однесена амнестираната затвореничка.

Неизвесно е до кога болната затвореничка Кате. Т ќе остане во притвор. Институциите се уште бараат решение, префрлајќи си ја надлежноста едни на други.

Власта на СДСМ поради недоволна грижа и способност да ги реши проблемите на граѓаните независно од нивната здравствена и социјална состојба, единствено решение бара во манастирот кој не е државен орган и не се финансира од буџетот.

 

 

 

22.02.2018 - 19:14

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега