Кинсела се сретна со лидерите на верските заедници

 

Спикерот на Сенатот на Канада Ноел Кинсела, кој престојува во официјална посета на Македонија и ја предводи делегацијата во чиј состав се и сенаторите Перси Доун и Салма Атаулахјан, денеска имаше средба со директорот на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи, Валентина Божиновска и со лидерите на петте верски заедници во земјата.

Претседателот на канадскиот Сенат на средбата се интересирал за Законот за правна положба на црквата и верска заедница, за тоа какви се верските права и слободи во Република Македонија.

- Го пофалија законот, статусот на верските заедници што се влезени во членот 19 како уставна категорија, а покажа интерес и благодарност во делот на повикот на верските лидери за мир и соживот за иднината на Македонија, особено да го крепиме идентитетот и нашиот влез во НАТО, изјави Божиновска.

Првиот човек на канадскиот Сенат, според неа, на средбата посочил дека Македонија и може и треба да го зачува својот идентитет, само доколку ги зачува своите верски права и слободи, и доколку меѓурелигискиот соживот во земјата биде на вакво ниво, како што е досега.

04.09.2013 - 15:39
Фото: 
миа

најчитано сега