Огнена стихија ја „голта“ Калифорнија: Наредена евакуација, загрозени сотици домови

Во руралните делови на Калифорнија се шири шумски пожар, чии размери во текот на ноќта двојно се зголемиле, поради што властите наредиле итна евакуација, бидејќи се загрозени стотици домови.

Огнената стихија која беснее од неделата попладне, уништила 11 квадратни километри во малиот град Бишоп на источниот ден од Сијера Невада, во областа погодна за риболов, лов и планинарење, пренесува денеска АП.

Во моментов најмалку 400 пожарникари се борат со пожарот.

Властите соопштиле дека и понатаму се очекуваат ветровити услови, кои го спречуваат гаснењето на пожарот.

До пожар дошло откао Калифорнија претрпела рекордно вискои температури, додека во таа американска сојузна држава паднало недоволно дожд по пет години суша.

 

 

 

20.02.2018 - 09:12

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега