Му го вратиле паричникот после цели 70 годин, а тој се расплакал кога видел што има во него

Кога ќе изгубите нешто, тоа не значи дека е изгубено засекогаш. Во тоа се уверил и еден воен ветеран кој го изгубил својот паричник во Австрија за време на Втората светска војна.

Елигио Рамос, кој денес има 91 година, престојувал на фарма со својот батаљон, каде го загубил паричникот полн со фотографии и разни спомени.

Lost Wallet Returned to WW II Veteran 70 Years Later

Во тоа време Рамос со своите војници спасувал изгладнети заробеници од концентрационите логори во таа област. Бидејќи тоа се одвивало многу одамна, поточно за време на 1945 година, не очекувал дека некогаш повеќе ќе го види тој паричник.

Но, еден ден Елигио примил писмо од Џозеф Рукофер, офтамолог од Австрија.

Eligio Ramos 1 kfsn.jpg

„Драг господине Рамос,

Моето име е Џозеф Рукофер и пишувам од Салцбург во Австрија.

Го барам господинот Елигио В. Рамос, кој е роден 27-ми август 1923 година. Причината поради која го барам е пронаоѓање на паричник пред неколку дена на стара фарма во Салцбург. Во паричникот имаше накакви фотографии од американски војник од Втората светска војна и идентификациона карта. Приложувам копии од документите. Изгледа дека тој војник, Рамос, го изгубил својот паричник во текот на престојувањето на фармата.

Преку интернет го пронајдов вашето име и адреса, но не сум сигурен дали сте вие личноста која ја барам. Доколку сте, дали би биле љубезни да ме известите доколку ја пронајдов вистинската личност?

Поздрав од Салцбург, Австрија.“

Веста ја шокирала ќерката на Рамос, која прва го порочитала писмото.

„Појадував со татко ми, што е наша вообичаена рутина три дена во неделата и ја прегледував поштата кога налетав на писмото. Му реков- тато погледни, некој го пронашол паричникот кој си го изгубил во 1945 година во Австрија“, вели Силвија Гонзалес (72).

Во паричникот немало само пари, туку и драгоцени семејни фотографии.

„Се во паричникот има сентиментална вредност. Имаше многу семејни фотографии во паричникот во случај да не се врати. Сакаше неговото семејство да биде во неговото срце“, вели неговиот син Росендо.

Не само што Елигио можел поврторно да ги види и допре своите драгоцени спомени, туку и неговите деца да ги врамат и да ги чуваат за своите потомци како семејно наследство.

izgubljeni-novcanik (5)

izgubljeni-novcanik (7)

Eligio Ramos 3 kfsn.jpg

 

 

 

19.02.2018 - 22:40

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега