ЕК: Изјавата на Рама за заеднички претседател на Албанија и Косово е несоодветна

 Изјавата на албанскиот премиер Еди Рама, за заеднички претседател на Албанија и на Косово, за Европската комсија е несоодветна.

Ставот на ЕК го изнесе портпаролката Кетрин Реј, наведувајќи дека изјавите што може да се толкуваат како политичко мешање во соседните земји не помогаат во градењето на добрососедски односи.

- ЕУ очекува да продолжи изградбата на конструктивни и кооперативни односи низ целиот регион. ЕУ продолжи да ги поддржува принципите на помирување и соработка во овој регион, истакна Реј.

Рама вчера од Приштина порача дека заеднички претседател на Албанија и на Косово ќе биде најдобар пример за единство на двете земји и оти тоа би можело да се реализира по десет години. 

 

 

 

19.02.2018 - 22:03

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега