Не фалете се и не кажувајте дека постите, а вака подгответе ја трпезата за време на Велигденските пости

Денот по Прочка е чист понеделник кога почнува големиот Велигденски пост. На овој ден се чисти куќата, особено се внимава садовите за храна да се измијат и испоснат од мрсното. Во минатото тоа се правело со брашно или пепел и со подолго вриење.

За време на велигденските пости покрај вообичаените конзумирања храна од растително потекло, житарици, зеленчук и овошје, постојат и одредени карактеристични продукти што се подготвуваат само во одредени денови за време на постите.

Во текот на седумнеделниот период на Велигденскиот пост има повеќе празници. Во првата недела од великите пости, од понеделникот до средата се деновите наречени тримери кога не се конзумира никаква храна ниту течност. Одредени продукти од храна се подготвуваат за денот по завршувањето на тримерите, што е третиот ден од почетокот на великиот пост.

Во средата, кај оној што ги “држел” тримерите и каде што имало млада невеста, доаѓале гости. Домаќинката за таа прилика има подготвено варена пченица со конопни зрна, ошав – компот од црни сливи и друго сушено овошје (јаболко, суво грозје, диви сливи), кравајче од пченично брашно замесено со пепелница, украсено со бонбони. Се месело, исто така, и пита-зелник, со зеље, одозгора посолено со сусам додека на дното од тепсијата се ставале сецкани ореви. Задолжително за таа прилика како пијалок се носело и боза. Гостите што доаѓаат на посета исто така носеле боза, кравајче и пченица. Во оваа прилика се купувало и сезонско овошје, особено портокали.

Скромноста е збор кој најдобро го опишува постот. Доколу сакате да постите не фалете се со тој чин, бидејќи со тоа го признавате искушението, да бидете спречени во постот. 

Најдобро би било ден пред постот, да ја кажете молитвата „Оче наш“, да побарате сила од Бога да го издржите постот и да почнете полека - ден по ден. Не очекувајте од себе да „истерате“ цел пост туку почнете така што ќе постите цела недела, па ќе се причестите, па ако почувствувате сила, продолжете со постот и наредната недела за да се причестите. 

Водете сметка секој ден да ја изговарате оваа молитва: „Господе Исусе Христе, Син Божји, помилувај ме“! Тие магични зборови ќе ви дадат сила да се изборите со сите доумења и да се зацврстите во својата намера да истерате до крај.

 

 

 

19.02.2018 - 21:01

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега