Какликис: Цела генерација се прашува зошто им велиме дека не се Македонци, треба да ги убедиме

Умерен оптимизам за постигнување решение на името изразува поранешниот грчки амбасадор во Македонија, Јоргос Какликис. Во разговор за CNN.GR, се потсетува на периодот кога бил амбасадор во Македонија.

Како што јавува дописникот на МИА од Атина, новинарката додава дека Какликис не заборава колку се смениле работите, од доаѓањето на власт на поранешниот премиер Никола Груевски кој, како што вели новинарката, „вложил секакви напори за да им вкорени на децата, кои растеа во тој период, дека се потомци на Александар Велики“.

- Имаме сега една генерација, што се прашува зошто им велиме дека не се Македонци. Тој е делот кој грчката страна треба да ги убеди, не да ги притисне, туку да ги убеди, со логични аргументи, да успее во овој мал временски период  што преостанува, до конечниот договор меѓу двете земји, да ја убеди барем власта на другата страна и таа да започне со преземања иницијативи пред нејзината јавноста за да покаже дека поголем е интересот на земјата и на граѓаните да биде во добри односи со Грција и да не се базира на историски неточни верувања, отколку да продолжи со оваа тактика што нема да ги одведе никаде, коментира Какликис во интервјуто, пренесува МИА.

 

 

 

19.02.2018 - 15:11
Фото: 
МИА

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега