Радев: Од начинот на третирање на минатото зависи европерспективата на Македонија

 Македонија и Бугарија работат интензивно на формирање експертски комисии, од кои едната ќе се фокусира на прашања од историјата и образованието на двете земји, со цел да се надминат евентуалните разлики и несогласувања, порачаа денеска претседателите на двете држави Ѓорге Иванов и Румен Радев, на заедничката прес-конференција по средбата во Скопје.

Радев истакна дека интензивно се работи на составување на двете експертски комисии.

- Многу е важно комисијата за историски и образовни прашања да процени дали имаме спорни прашања, меѓу нас и како тие може да се решат. Ние имаме заедничко минато и од начинот на третирање на тоа минато зависи и самата европска перспектива на Република Македонија, рече Радев.

Иванов нагласи дека целиот овој процес треба да гледа во иднината, а не да заглавува на прашања, кои може да не остават во минатото. 

- Договорот треба да го гледаме од аспект на иднината и затоа комисијата треба да биде насочена кон иднината на нашите односи, да не се затрупуваме во рововите на прашања, за кои имаме различно мислење. Тие прашања да ги оставиме на оние, кои се задолжени за нив, тоа се академиите на науките, рече Иванов.

 

 

 

16.02.2018 - 15:41

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега