Груевски до Ристовска: Кадија те тужи, кадија те суди

 Во Кричниот суд денеска започна рочиште за предметот на СЈО „Тенк“, во кој се обвинети поранешниот премиер Никола Груевски, поранешната министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска и поранешниот помошник министер во МВР Ѓоко Поповски, за набавката на луксузниот мерцедес од 600 илјади евра.

- Кадија те тужи, кадија те суди, рече на денешното судење поранешниот премиер Никола Груевски, во реплика до обвинителката Ленче Ристовска, која претходно изјави „дека некому можеш сосила да му земеш, а не да му дадеш“, објаснувајќи дека обвинетите не нашле време да ги видат и добијат записниците од претходните рочишта. Груевски алудираше на „една неприродна спрега меѓу СЈО и судот“. 

- Не бараме ништо со сила од Судот, бараме само тоа што ни следува со закон. Досегашното судење го сметам за нефер. Јас немав можност да ги видам аудио снимките како единствен доказ за обвинението против мене и затоа јас неможам да дадам воведен говор, рече Груевски.

Грујевски рече дека е обвинет за тоа што сакал да набави возило и дека сакал тоа да не се дознае.

- Не можам да разберам како може да се биде обвинет за тоа што сум сакал, рече Груевски и додаде дека неможе да каже дека во целост го разбира обвинението.

Груевски рече дека го прочитал обвинението и дека од него неможе да разбере зошто е обвинет. 

Тој рече дека не признава вина од причина што работел согласно законот.

Јанкуловска се изјасни дека делумно го разбира обвинението и не признава вина, а Поповски се изјасни дека не е виновен.

По ова судијката Добрила Кацарска го прекина рочиштето и закажа ново на 12 март, кога треба да сведочат пет сведоци.

 

 

 

16.02.2018 - 15:05

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега