Одбраната бара одложување на рочиштето за случајот „Тенк“, СЈО е против

 Во Кричниот суд денеска започна рочиште за предметот на СЈО „Тенк“, во кој се обвинети поранешниот премиер Никола Груевски, поранешната министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска и поранешниот помошник министер во МВР Ѓоко Поповски, за набавката на луксузниот мерцедес од 600 илјади евра.

Судијката Добрила Кацарска, веднаш по започнувањето на денешното рочиште за предметот на СЈО „Тенк“, даде половина час пауза по барање на одбраната на обвинетите за да  ги разгледаат записниците од претходното рочиште. 

На почетокот на рочиштето, адвокатите рекоа дека не биле известени за записниците од минатото рочиште и дека дури денеска пред судењето ги зеле заедно со две ЦД. За да ги разгледаат записниците тие од Судот побараа пауза.

Судијката Добрила Кацарска им понуди половина час пауза, како добра волја, па потоа да почнат со воведните говори. Посочи дека записниците биле изготвени на 13 февруари и оти тогаш можеле да ги земат.

- Одбраната беше должна да ги земе записниците. Тие не дојдоа да ги подигнат во рок,  па судот вчера телефонски ги извести, а дури денеска пред судење адвокатот Димитар Дангов ги подигна. Затоа нема причина за пауза, но во интерес на одбраната ќе се видиме по пауза од половина час, рече Кацарска.

На тоа се побуни Никола Груевски, кој рече дека записници од 17 страни за половина час не може да се прочитаат.

Обвинителката од СЈО Ленче Ристовска рече дека одбраната знаела дека записниците се изготвени и требало да ги земат. Тоа што не ги зеле, како што истакна, е нивни пропуст.

- Се противам на барањето за пауза и сметам дека тоа го прават се со цел  да се одложи главната расправа. Со сила на човек можеш само да му земеш, а не можеш ништо да му дадеш, рече Ристовска.

Апелациониот суд Скопје, на 8 ноември минатата година одлучи прислушуваните разговори за набавката на мерцедесот да бидат доказ во судењето за случајот „Тенк“. 

 

 

 

16.02.2018 - 12:52

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега