Следниот петок вратите на Собранието ќе бидат отворени за граѓаните

Од Собранието на РМ соопштуваат дека вратите на зградата наредниот петок, 23 февруари, ќе бидат отворени за граѓаните, кои ќе сакаат да ја видат внатрешноста на истото.

Како што истакнуваат оттаму, присутните ќе може да ја разгледаат внатрешноста на зградата како значајно историско обележје на македонската државност и да добијат одговор на нивните прашања.

Воедно, службите на Собранието на Република Македонија потсетуваат дека тоа е отворено за посета секој последен петок во месецот, а заинтересираните граѓани потребно е да се пријават на телефонскиот број 02/3182-227 или на имејл-адрсата s.stamenkovska@sobranie.mk, најдоцна пет работни дена пред посетaта.

 

 

 

 

 

16.02.2018 - 11:45

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега