Студено утро во Македонија: Измерени -7 степени, а во недела не чека ново изненадување
Најстудено утрово е во Крушево каде што се измерени -7 степени, а најтопло е во Гевгелија каде минималната температура е 4 степени.
Во Берово, Пожаране и Крива Паланка измерени се -7 степени, во Ѓуриште и Претор -4, во Петровац кај Скопје, Охрид, Дебар и Тополчани -3, во Прилеп и Скопје -2 и во Виница, Штип, Тетово и Битола -1. Во Струмица се измерени 0 степени, а во Демир Капија 2 степена.
Во текот на денот ќе биде сончево со мала облачност и ќе дува слаб северен ветер. Температурата ќе се движи во интервалот од 4 до 11 степени.
Во Скопје слично време со температура до осум степени.
За време на викендот времето ќе биде стабилно и суво со ниски утрински температури. Дневните ќе бидат во пораст, што ќе предизвика топење на снежната покривка, особено во сабота. Во недела ќе има зголемување на облачноста, а преку ноќта ќе има повремени врнежи од дожд и снег. Во почетокот на наредната седмица се очекува извесно заладување со повремени врнежи претежно од снег.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа