Сонце и ниски температури утрово - викендов нова промена во времето

 Времето во Македонија ќе биде сончево со мала облачност и слаб северен ветер. Утрото студено со ниски утрински температури. Утринската температура ќе се движи од минус три до минус 10 степени, а дневната температура од нула до 11 степени. 

Во Скопје ќе биде сончево со мала облачност и слаб северен ветер. Утринската температура ќе достигне до минус пет, а дневната температура ќе достигне до осум степени. 

За викендот времето ќе биде стабилно и суво со ниски утрински температури. Дневните ќе бидат во пораст, што ќе предизвика топење на снежната покривка, особено во сабота. Во недела ќе има зголемување на облачноста, а преку ноќта ќе има повремени врнежи од дожд и снег. Во почетокот на наредната седмица се очекува извесно заладување со повремени врнежи претежно од снег. 

 

 

 

16.02.2018 - 07:56

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега