Одбраната на обвинетите во „ТНТ“ не направи увид во „бомбите“

Одбраната во случајот ТНТ одбила да ги преслуша бомбите во судската зграда. Адвокатите бараат да им биде доставена копија од прислушуваните разговори и смс пораки коис е користат како докази на СЈО- објави Сител.

Одбраната е загрижена за начинот на кој се води постапката за случајот ТНТ.

Денешното рочиште за овој случај беше одложено за одбраната да направи увид во разговорите и пораките. Меѓу доказите што ги предложи обвинителството на Катица Јанева се 26 аудиоснимки од телефонски разговори, 50 СМС-пораки и едно вештачење.

Во случајот ТНТ кој се однесува на наводно незаконското уривање на објектот Космос, обвинети се седуммина меѓу кои поранешниот премиер и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, поранешниот министер за транспорт и врски, Миле Јанакиески, и поранешниот градоначалник на општина Гази Баба, Тони Трајковски.

Вчера Груевски по рочиштето за случајот Траекторија обвини дека судиите не го почитуваат Законот за кривична постапка, дека не овозможуваат ниту основни права за одбраната и дека нема услови за фер судење.

 

 

 

15.02.2018 - 19:35

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега