Сител: Анестезиологот од приватната болница доби отказ, мора да врати и 50.000 евра на болницата

Денеска е доставено отказното решение на анестезиологот од Карил кој бил на породувањето во Санте Плус кога почина родилката од Кичево. Директорот на ТОАРИЛУЦ вели дека одлуката е согласно законот, бидејќи лекарот кој повеќе од три недели не доаѓа на работа, без договор и дозвола бил во приватната болница.  Од клиниката велат дека ќе треба да врати и 50 000 евра бидејќи му платиле дел од специјализацијата- објави Сител.

 - Врз основа на договорот потпишан меѓу вработениот и ТОАРИЛУЦ, и врз основа на законите кои што биле на сила на времето кога бил потпишан договрот, вработениот треба да врати десеткратен износ од средствата кои институцијата ги има уплатено за неговата специјализација,, изјави за Сител директорот Илир Хасани.

Анестезиологот имал едногодишно работно искуство, а согласно договорот бил обврзан дека 10 години нема да ја напушти клиниката што финансирала дел од неговото образование. Сегашните, договори, пак, ги обврзуваат специјалистите 15 години да останат во истата установа. Лекарот има право на жалба, која, доколку биде одбиена ќе мора да ги врати парите за специјализација.

За неговиот колега од КАРИЛ кој го повикал на помош во приватната болница, се уште е во тек дисциплинската постапка.

И додека за анестезиолозите има казни, здравствените власти се уште немаат официјална информација што се случувало пред 4 недели во Санте Плус и на патот до скопските клиники каде била префрлена 31 годишната жена.

- Комисијата формирана од Министерството за здравство, се уште го чека обдукцискиот извештај за родилката од Кичево која почина на породување со царски рез. По комплетирање на подаотците, извештаот ќе го достават до министерот за здравство кој треба да соопшти дали и какви пропусти имало во случајот.

 

 

 

15.02.2018 - 17:06

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега