Владата најави повисоки субвенции - лозарите се жалат на цените

Државата ќе ги зголеми субвенциите за  лозарите  кои имаат  помеѓу 1 и 10 хеткари лозови насади, дополнителна помош  од 12 илјади денари ќе добијат и они кои ќе ги обноват сортите, изјави денеска министерот Љупчо Николовски. Оваа мерка треба да помогне лозарите да го  подобрат квалитетот на лозјето  и поголем пласман, објави Сител.

Лозарите пак, се жалат на ниската откупна цена на лозјето и на лошиот род минатата година. За направената штета од ланскиот мраз се уште ги немаат добиено парите. Бараат од државата побрза исплата.

Премиерот Заев ги охрабри лозарите да инвестираат, а државата  преку нови мерки  ќе им помога тие да добијат сигурен пласман.

Пред десет дена лозарите ги добија зголемените субвенции за 10 отсто.

Во Македонија 18 илјади семејства живеат од лозарство.

 

 

 

 

14.02.2018 - 19:58

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега