Одложено судењето за Траекторија - Груевски вели судот работи под политички притисок

Повторно беше одложено судењето за случајот „Траекторија“, бидејќи и по одбиените приговори и по паузата адвокатите на обвинетите, но и поранешниот премиер Никола Груевски продолжија да изнесуваат нови приговори. 

Груевски во своето обраќање до судијата повторно побара смс пораките да не бидат доказ, бидејќи како што вели ваквите електронски записи е лесно да се манипулираат и менуваат.

Следното рочиште е закажано за први март.

За Траекторија, Груевски, Пешевски и Јанакиески се осомничени дека во втората половина на 2012 година и во текот на 2013 година презеле повеќе дејствија со кои во постапката за избор на компанија за изградба на автопатите Миладиновци – Штип и Кичево - Охрид ги искористиле и пречекориле своите овластувања.

Со тоа, според обвинителниот акт од СЈО, му нанеле штета на државниот буџет од најмалку 155 милиони евра и за истиот износ на компанијата изведувач и овозможиле да се стекне со имотна корист. 

 

 

 

14.02.2018 - 13:39
Фото: 
Миа

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега