Груевски до судиите: Бараме да го спроведете законот

Поранешниот премиер Никола Груевски денеска на судското рочиште за Траекторија, изјави дека бара од судијката само да го спроведе законот, пренесе МКД.МК.

Откако судијата Горан Бошевски, кој ја води постапката за овој предмет, соопшти дека ги одбива барањата и приговорите на одбраната дадени на минатото рочишт да не се користат пораките и аудио снимките како докази, Груевски побара да се провери законот.

- „Бараме доказите да бидат одбиени, бидејќи снимките се веќе јавно објавени и незаконски прибавени. Бараме прекин на денешното рочиште, бидејќи не сме добиле записник, ниту видео снимка од минатото рочиште. Бараме да бидат одбиени доказите кои ги содржат СМС пораките и законот предвидува дека никој невин не може да биде осуден“, рече адвокатот Димитар Дангов.

На ова Груевски се надоврза и му рече на судијата Бошевски: „Проверете го законот судија“.

 

 

 

14.02.2018 - 11:26
Фото: 
МИА

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега