Димитров-Коѕијас: Решението за името и понатаму да биде под покровителство на ОН

 

Изнаоѓањето на прифатливо решение за надминување на разликитe околу името да биде и понатаму под покровителство на ОН, се договориле денес во Виена министерите за надворешни работи на Македонија и Грција, Никола Димитров и Никос Коѕијас.

Како што соопшти попладнево македонското Министерство за надворешни работи, двајцата министри се согласиле за ова по средбата  со медијаторот на ОН, Метју Нимиц.

Во исто време со соопштението од македонското, со соопштение излезе и грчкото МНР со идентична содржина, јавува дописникот на МИА од Атина. 

 

 

 

13.02.2018 - 17:52

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега