Влажен и студен бран во Македонија: Обилни врнежи но и снег

Под влијание на влажен бран денеска во повеќе делови од Македонија ќе има врнежи, кои по должината на Повардарието ќе бидат од дожд, во другите делови од дожд и снег. Пообилни врнежи од дожд ќе има во западните и југоисточните подрачја, каде што ќе наврнат над 30 литри на квадратен метар. На планините снежната покривка значително ќе се зголеми. 

Температурата ќе се движи од минус 1 до 9 Целзиусови степени, додека во Скопје ќе се движи од 0 до 6 степени.

Утре и задутре во западните и јужните делови ќе има врнежи од снег, кои ќе бидат со слаб до умерен интензитет. Потоа времето ќе биде стабилно со ниски утрински температури.

 

 

 

13.02.2018 - 08:08

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега