Временска најава за утре - очекувајте дожд и снег

Нов влажен бран со врнежи од дожд и снег се очекува во вторник попладне и в среда. Во вторник времето ќе биде облачно, а  попладне и во текот на ноќта со врнежи од дожд, а на повисоките места и на планините со снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Утринската температура ќе се движи од минус четири до два степени, а дневната од четири до 10 степени.

В среда ќе биде променливо, а претпладне со повремен дожд и снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Утринската температура ќе се движи од минус еден до четири степени, а дневната од три до десет степени. 

Времето в четврток ќе биде променливо облачно, а попладне со подолги сончеви периоди и со слаб до умерен ветер од северен правец. Утринската температура ќе се движи од минус 7 до 1 степен,  а дневната од 2 до 7 степени. 

 

 

 

12.02.2018 - 23:31

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега