Заев: Турција ќе поддржи заемно прифатливо решение за името (Видео)

Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, придружуван од министерот без ресор, Аднан Ќахил попладнево се сретна со претседателот на Република Турција, Реџеп Таип Ердоган.

Претседателот на Турција, Ердоган, ја поддржа иницијативата од премиерот Заев за зголемување на квотите за извоз на телешко и јагнешко месо во Турција.

Претседателот на Турција Ердоган даде поддршка на добрососедските политики што ги води Македонија, и го поддржа процесот за решавање на спорот со Грција и оцени дека е тоа добро за Балканот и за евро-атлантските перспективи на Република Македонија. 

 

 

 

12.02.2018 - 18:22

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега