Нов судски совет и обвинител, а старо обвинение за Монструм - судењето од почеток

Случајот Монструм стартуваше од почеток, откако Врховниот суд ги укина доживотните затворски казни за петкратното убиство кај Смилковското езеро на  Алил Демири, браќата Африм и Агим Исмаиловиќ, Сами Љута, Фејзи и Хаки Азири, јавува Сител. Судењето почна со нов судски совет, нов јавен обвинител, но со старо обвинение.

Поради технички пропуст, судењето ќе продолжи на 14 март, кога обвинетите ќе треба повтроно да одговорат дали се чувствуваат виновни.     

Повторената судската постапка ќе треба да утврди дали за петкратното убиство беа осудени вистинските лица, откако премиерот Зоран Заев јавно тврдеше дека поседува прислушувани телефонски разговори.

- „Ние како одбрана сметаме дека СЈО ќе се инволвира во овој кривичен предмет, бидејќи постојат разговори и надлежноста е дефинитивно на Специјалното јавно обвинителство. Можеби и тоа е причината што јавното обвинителство од одделот за организиран криминал денеска и не го истакна второто обвинение“, рече Рауфи

На обвинетите Алил Демири и Африм Исмаиловиќ повторно ќе им се суди во отсуство. Нивните имиња веќе пет години се наоѓаат на листата на лица кои МВР ги бара со меѓународна потерница.

 

 

 

12.02.2018 - 17:47

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега