И македонските ватерполисти денеска ќе се судрат со Црна Гора

По повод програмата за одбележување на 22 годишнината на државата - 8 Септември, денеска во 20:30 часот на базенот Младост СЦ Борис Трајковски ќе се одржи пријателски натпревар помеѓу македонската ватерполо репрезентација и ВК Приморац од Котор, каде настапуваат неколку членови на националниот ватерполо тим на Црна Гора.

-По натпреварот, ќе се одржи дружење помеѓу двата тима, вклучително со гостинот – поранешен ватерполист Вељко Ускоковиќ од Црна Гора (носител на олимписки медал), стои во соопштението од Агенцијата за млади и спорт.

04.09.2013 - 09:07

најчитано сега