Подгответе се за нова промена: Очекувајте ниски температури минуси, дожд, снег и магла

Времето во Македонија ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, но во западните делови претежно облачно. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер.

Утринската температура ќе се движи од минус два до три, а дневната од осум  до 15 степени.

Во Скопје слично време, променливо облачно со сончеви периоди. Утринската температура ќе се спушти до минус еден, а дневната ќе достигне до девет степени.

За време на викендот ќе има врнежи од дожд, а на повисоките места и планините врнежите ќе бидат од снег. Вкупната количина на наврнат воден талог во овие делови се очекува да надмине 30 л/м2. На повеќе места ќе се формира снежна покривка, а на планините во западните и јужните делови позначително ќе се зголеми.

 

 

 

09.02.2018 - 15:24

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега