Повеќе од 1000 осуденици ослободени со Законот за амнестија

Повеќе од илјада осуденици, граѓани на Рпублика Македонија, до денес ги напуштија казнено-поправните институции, откако побараа и добија амнестија која ја одобри Владата на Р.М.

Законот за амнестија беше донесен на 15. јануари годинава. Со овој закон се ослободуваат од издржување на затворска казна осудените лица на кои им е изречена казна до шест месеци. Оние што добиле над шест месеци, се ослободуваат од издржување на 30 отсто од целокупната казна.

Амнестијата не се однесува на лицата осудени со правосилна пресуда за: доживотен затвор, за кривично дело Убиство, за силување и педофилија, за тероризам и кривични дела против државата, за кривични дела против јавниот ред и мир, за кривични дела против човечноста и меѓународното право.

Две илјади и петстотини затвореници имаа пратено барање до скопскиот Основен суд Скопје 1 кој одлучуваше кој се осуденик ќе добие амнестија.

Според Управата за извршување санкции од најголемиот затвор во Македонија, КПД „Идризово“ од 1.900 осуденици колку што имало пред амнестијата, бројот на лица кои ќе останат на доиздржување на затворска казна ќе се намали околу 1.100.

 

 

 

09.02.2018 - 14:54

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега