Карпош: СДСМ е партија на плачковци
Г-ѓа Магдица Несторовска, од советничката група на СДСМ очигледно,од скоро дојдена од Гостивар, тешко може да ја препознае волјата на граѓаните на Општина Карпош, а тешко ги разбира и чита и изборните резултати. Граѓаните на Карпош во огромно мнозинство, дваипол пати погласно им кажаа што мислат на нивната политика заснована на гнев и омраза. Тие јасно им укажаа дека повеќе му веруваат на градоначалникот Јакимовски отколку на кандидатот на СДСМ.
Она што е најжално, советничката група на СДСМ продолжува да ја претставуваат нивната партија како партија на плачковци и лажговци, па сега „пишманлии“ од испуштената прилика и подадена рака за коалицирање од страна на советниците на Српската напредна странка во Македонија, повторно низ плачење и плукање сакаат да си најдат оправдување пред граѓаните на Карпош и пред самите себе за нивните погрешни одлуки. Ова е уште една потврда дека СДСМ е во хаос и продолжуваат со своите погрешни потези.
(Интегрален текст од писмена соопштение на општина Карпош)