Влада на РМ: Меркел нема да биде вклучена во преговорите за името

Преговорите за решавање на спорот со името се водат под медијаторство на посредникот на Обединетите Нации, Метју Нимиц. Нема никаква интенција за вмешување во овој процес на германската канцеларка Ангела Меркел, реагираат од Владата на Република Македонија на информациите дека е можно вмешување на канцеларката во процесот на решавање на проблемот со името.

Премиерот Зоран Заев на 21 февруари ќе се сретне со германската канцеларка Ангела Мерекел. Средбата е предвидена во рамки на посетата на македонската владина делегација на Германија што ќе ја предводи Заев, потврдуваат од Владата.

Првата билатерална средба на премиерот Заев со германската канцеларка Меркел се одржа во Трст јули лани, на маргините од Самитот „ЕУ - Западен Балкан“. 

Меркел тогаш искажа поддршка за новата македонска Влада за одлучноста за суштински реформи и за определбата за интеграција на Република Македонија во ЕУ. 

 

 

 

 

09.02.2018 - 14:00

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега