Емпаер стејт билдинг ќе биде осветлена со боите на македонското знаме во чест на ЗОИ 2018

На денешното отворање на Зимските олимписки игри 2018 во Пјонгчанг, Јужна Кореја, познатата њујоршка зграда Емпаер Стејт Билдинг ( Empire State Building) ќе биде осветлена со боите на македонското знаме, заедно со другите знамиња на земјите учеснички на ЗОИ 2018.

Осветлувањето и ротирањето на боите на знамињата на земјите учеснички на ЗОИ, ќе започне денес во 23:22 часот по македонско време.

Зимските Олимписки игри ќе траат до 25.февруари.

Македонија на овогодинешните Зимски олимписки игри испрати тројца натпреварувачи: Антонио Ристевски во алпско скијање во дисциплините слалом и велеслалом, потоа Ставре Јада во крос-кантри во дисциплините спринт и 15 километри, како и Викторија Тодоровска во крос -кантри во дисциплината 10 километри.

 

 

 

09.02.2018 - 12:18

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега