Жерновски купува нови автомобили во општина Центар?

 

Градоначалникот на Центар ќе купува нови возила јави Сител повикувајќи се на извори во општина Центар. Телевизијата објавува дека Жерновски не бил задоволен од возниот парк па решил час поскоро, својот прв потпис да го стави за набавка на нови службени возила.

Покрај Жерновски според Сител во ново возило ќе седне и претседателот на советот Мирослав Шиповиќ. Какви возила ќе бидат купени, сеуште не се знае.

Денеска на прес конференција, одговарајќи на новинарско прашање, Жерновски демантираше дека купува нови автомобили. Спеак, општина Центар, нема купено возило за градоначлникот во мандатот на Тодоровиќ. Според информациите, тој се возел во својот приватен џип, а возило од општина Центар не користел ниту претседателот на советот. 
Дали и Жерновски ќе ја продолжи праксата и ќе се вози со приватниот автомобил за да заштеди, бидејќи како што изјави денска, во касата на Центар нема пари или пак ќе се реши да го поднови општински возен парк останува непознато

најчитано сега