Најголем број од амнестираните затвореници биле крадци и шверцери

Од затворот Идризово до судовите ги испратиле последните двесте предмети, со што вкупно досега се разгледувани 1.400 барања за амнестија. 

- „Овој процес ќе трае долго, бидејќи после ова, откако ќе се вратат предметите од соодветните судови, треба да се направи посебна математика за секој затвореник. Вкупно 400 лица ќе бидат одеднаш пуштени на слобода. Другите делумно", соопшти Садуш Арифи – заменик директор на КПУ Идризово, пренесе Алсат.

Инаку, според досегашните евиденции најголем број амнестирани се за кражби, разбојништва, недозволено држење оружје и за поседување и шверц на дрога…

 

 

 

06.02.2018 - 18:12

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега