Грчката полиција на готовс: Огромен број на луѓе протестираат во Атина

Организаторите на големиот протест во Атина против терминот Македонија во сложеното име за нашата земја, токушто објавија дека на улиците во грчката метропола се собрале фантастични еден милион и петстотини илјади луѓе.

Тоа, доколку е точна бројката, би било 15 проценти од вкупната популација на Република Грција.

Други, пореалистични грчки извори сепак наведуваат дека на протестот во Атина има околу 300 илјади лица.

Според организаторите, протестот ги надминува политичките партии и неговата порака е патриотска и непартиска. Протестот тврдат дека е финансиран од „македонски организации во Грција и надвор од неа, особено од САД“.

Се очекува на протестот да дојдат повеќето пратеници на конзервативната партија „Нова Демократија“.

Нивниот лидер, Киракос Мицотакис рече дека партијата ги почитува сите кои бираат да присуствуваат, но и оние кои нема да присуствуваат на протестот. Поранешниот конзервативен премиер, Антонис Самарас, рече дека недела ќе биде „голем ден за земјата“.

Медиумите пренесуваат дека грчката полиција е на готовс за да бидат превенирани можни немири откако беше закажан и контра-протест во близина на главниот протест. Полицијата ќе придружува и десетици автобуси кои ќе носат демонстранти од другите делови на земјата на главниот протест кој е поддржан од грчката црква.

 

 

 

04.02.2018 - 14:51

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега