Позната состојбата на девојката која скокна во Вардар

Жената која попладнево скокна во Вардар била извадена од реката од нејзиниот татко, по што ја однеле на Психијатрија.

Како што дознава Сакамдакажам, се работи за 27-годишната М.А. која била зебележана во водите околу 13 часот и 30 минути.

Од болницата 8 септември велат дека жената нема видливи повреди, има лесна хипотермија од студената вода и дека е во релативно стабилна состојба.

Ја прегледувал и психијатар.

Од полицијата информираат дека случајот кај нив бил пријавен во 13 часот и 30 минути, и дека кога тие пристигнале на местото на настанот ги затекнале 27- годишната  М.А и нејзиниот татко М.А.

 

 

 

 

30.01.2018 - 16:07

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега