Трамп во Давос: Америка на прво место не значи Америка сама

 -Никогаш не постоел поповолен момент за приспособување, за растеж и за инвестиции. Сега е соодветно време за отворање фабрики и инвестирање во САД, изјави  американскиот претседател  во својот, со нетрпение очекуван говор на Светскиот економски форум во Давос.

Тој истакна дека неговиот изборен слоган „Америка на прво место“, не значи „Америка сама“. Но, ги предупреди трговските партнери дека Вашингтон повеќе нема да толерира неправедна трговија, велејќи дека алчните активности биле нарушувачки за пазарите.

-Соединетите Американски Држави веќе нема да ги следат неправедните трговски пракси“, изјави Трамп пред извршните директори, банкари и политички лидери на форумот. „Не можеме да имаме слободна и отворена трговија ако некои земји го експлоатираат системот на сметка на другите, рече тој.

Трамп додаде дека интересите на Америка секогаш ќе бидат негов највисок приоритет, предвидувајќи дека САД ќе останат на врвот на глобалната економија.

-Секогаш ќе ја ставам Америка на прво место, рече тој. „И лидерите на другите земји треба да го сторат истото за нив. Но, тоа не значи Америка сама“, рече Трамп.

Трамп се заложи за востановување нов систем на доселување во САД, оценувајќи го постојниот за „заглавен во минатото“. На земјата ѝ се потребни доселеници чиј избор ќе биде вршен врз основа на нивните способности и квалификации, истакна американскиот претседател.

 

 

 

26.01.2018 - 15:52

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега