Србија смета дека нема да успееме на ЕП во Словенија

Тренерот на Раднички Крагуевац и поранешниот помошник на Жељко Обрадовиќ во српската репрезентација, Мирослав Николиќ, за српскиот портал „спортал.рс“ анализира што може да се очекува на Европското Првенство во Словенија.

Тој вели дека Македонија не е за потценување, но не верува дека ќе го повториме успехот Евробаскетот во Литванија пред две години, кога го освоивме историското четврто место.

-Ја почитувам селекцијата на Македонија, но не верувам дека ќе може да го повтори истиот успех од Литванија. Сличен квалитет на Македонците има селекцијата на БиХ. Го имаат Мирза Телетовиќ, но доколку го затвориме добро, сигурен сум дека и оваа селекција нема да биде закана за нас, вели Николиќ.

Според него, во следната рунда пласман ќе обезбедат репрезентациите на Литванија, Црна Гора и Србија.

-Верувам дека во следната рунда ќе се пласирам ние, Црна Гора и Литванија. Црна Гора има одлична екипа, во подготвителниот период не блескаа, но тоа ништо не значи. Во Словенија нема да го имаат Никола Пекови, но затоа го имаат одличниот центар на Орландо Никола Вучевиќ. Литванија можеби по име нема силни играчи од претходните години, но се искусен тим и кога ќе се разиграат тешко дека може некој да ги сопре, додава тој, пренесува Утрински.

03.09.2013 - 10:03

најчитано сега