Државниот врв на Србија не се договори со косовските Срби
Денешниот состанок меѓи премиерот на Србија Ивица Дачиќ и вицепремиерот Александар Вучиќ со Србите од северниот дел на Косово заврши без договор. Српското население бара оценка за уставноста на бриселскиот договор, а потоа да се разговара за референдум за самиот договор.
- Приоритет треба да и се даде на одлуката на Уставниот суд, тој да се изјасни за уставноста на договорот, а дури потоа евентуално да донесеме одлука за референдум. Во овој момент сметаме дека референдумот не е најдобра опција, изјави претседателот на Српскиот национален совет, Милан Ивановиќ.
Тој најави дека разговорите со Дачиќ и Вучиќ продолжуваат и следниот ќе се одржи на 7 мај.
Ивановиќ истакна дека бојкотот на примената на договорот продолжува и дека овој документ ги загрозува виталните државни интереси, а планот за имплементација е уште полош.